Децата од градинката „Светот на Колорес“ повторно на летен камп во Грција – Самостојноста почнува од најмала возраст

Добивај вести на Viber

Во време кога современото родителство сè почесто се соочува со предизвикот како да му овозможи на детето сигурна слобода, приватната градинка „Светот на Колорес“ од Скопје веќе неколку години по ред успешно реализира летен камп во Грција, наменет за деца на возраст од 2 до 6 години – без присуство на родители, но со целосна грижа и поддршка од тимот на воспитувачи и негователки.


Ова лето, децата повторно престојуваа во живописната Неа Скиони, каде неколку дена поминаа исполнети со смеење, игра, море, креативност и учење преку искуство. Кампот, кој веќе прерасна во убава традиција на „Светот на Колорес“, нуди уникатна можност за најмладите да се одвојат од секојдневното опкружување и да го искусат светот со нови очи – но во безбедна, позната и грижлива средина.

„За многу деца, ова е прв подолг престој надвор од домот, а за нас – уште една потврда дека кога има доверба, љубов и јасна структура, децата блеснуваат. Нивната храброст, љубопитност и способност да се адаптираат се неверојатни. Овој камп не е само патување – тоа е длабоко воспитно искуство,“ истакна директорката на градинката, Билјана Караманолевска, која стои зад концептот на летниот камп од неговите почетоци.


Програмата на кампот вклучуваше утринска гимнастика на плажа, игри во сенка, кретивни работилници со природни материјали, пеење, танцување, прошетки покрај морето, како и време за одмор, интроспекција и спонтано учење. Тимот на „Светот на Колорес“ внимателно следеше секое дете, водејќи сметка за неговите индивидуални потреби, ритам и емоционална подготвеност.


Родителите беа во постојан контакт со тимот преку фотографии и кратки дневни извештаи, а се вратија да ги пречекаат деца кои не само што пораснале, туку и стекнале самодоверба, нови пријателства и спомени што ќе ги носат долго со себе.

Градинката „Светот на Колорес“ и понатаму останува пионер во воведување на програми што го надминуваат класичното поимање за предучилишно воспитување – фокусирана на целосен развој на личноста уште од најрана возраст.


Како што велат од тимот: "Ние не ги чуваме децата – ние ги подготвуваме за живот. А животот најдобро се учи кога си сигурен, слободен и поддржан."


*Пр објава