Денеска е голем празник: Обележан со црвено во календарот, а една работа е строго забранета

Денес, 27 јули, православната црква го одбележува заедничкиот спомен на светите отци од првите шест Вселенски собори, празник кој секогаш се слави во неделата што паѓа меѓу 13 и 19 јули по стариот календар, односно околу 27 јули по новиот.
Овој значаен ден е со црвено обележан во православниот календар, што укажува на неговото духовно и богословско значење.
Шесте вселенски собори, одржани помеѓу 4 и 9 век, претставуваат темел на православното христијанско учење. Тие беа посветени на разрешување на најдлабоките христолошки прашања – за природата на Христос и за Света Троица.
Светите отци, собрани од сите краеви на христијанскиот свет, низ долги и понекогаш жестоки расправи, ги формулираа и утврдија клучните догмати на верата.
Со нивната мудрост и водство, беше поставена богословската основа на православното вероучение, кое останува непроменето до денес.
За разлика од Седмиот Вселенски собор, кој се фокусираше на борбата против иконоборството, овој ден е посветен на славење на соборната вистина низ Светите отци, чија духовна сила и богословска длабочина сè уште ја водат Црквата.
Верниците денес се повикуваат на молитва, размислување и благодарност за вистината што ни е пренесена преку светителите.
Денеска не се работи по дома, денот се посветува на одмор, семејството, посета на Црква и молтва.