Долгорочна заштеда преку пониски трошоци и грант до 30 отсто

Добивај вести на Viber

Силк Роуд Банка во соработка со агенциите на Обиденетите Нации (ОН) во земјава (Програмата за развој на Обединетите нации - УНДП и Меѓународната организација за миграции - ИОМ) во рамките на Заедничкиот фонд за целите за одржлив развој на ОН „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба против климатските промени во Северна Македонија“, нуди Наменски потрошувачки кредит за инвестиции на домаќинствата во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.

Програмата обезбедува поволна финансиска и техничка помош за недоволно опслужените домаќинства во кои жената е единствен или главен носител на приход, самохрани родители, семејства со три или повеќе деца, лица со попреченост, млади на возраст од 18 до 35 години, Роми, повратнициод странство и приматели на дознаки од странство, давајќи им можност да инвестираат во обновливи извори на енергија и ефикасни енергетски решенија.

Дополнително преку овој кредитен продукт, кредитокорисникот има можност за поврат на еднократен грант до 30%, финансиран од УНДП и ИОМ, од направената инвестиција финансирана со кредитот, врз основа на успешност, односно по валидација на истиот од независен проценител.

Максималниот износ за кредитниот производ е 1.500.000 денари, со рок на отплата до 95 месеци, а клиентите ќе може релаксирано да инвестираат во енергетски ефикасни апарати и надградби, соларни панели или други системи за обновлива енергија, користејќи ги условите со 5.30% фиксна каматна стапка за првите три години.

Ова партнерство е пример за посветеноста на Силк Роуд Банка за подобрување на животната средина преку проекти кои треба да придонесат во намалување на емисиите на стакленички гасови и загадувањето на воздухот, а истовремено да се унапредува и одржливиот развој во Северна Македонијa.

Сите дополнителни информации во врска со овој кредитен продукт клиентите може да ги добијат на интернет страницата на банката, на телефонскиот број 02 32 51 900 или во најблиската експозитура.

ПР објава