Енергија директно од природата: Nutrino Lab Energy Boost – нова природна линија на производи од Baby Food Factory

Добивај вести на Viber

Заборавете на сите брзи решенија за енергија, бидејќи вистинската, трајна енергија доаѓа од природата. Baby Food Factory, членка на групацијата Nelt , со гордост ја претставува својата нова линија Nutrino Lab Energy Boost – овошен микс збогатен со внимателно одбрани природни извори на кофеин: мача, црн чај и гуарана.

Оваа линија претставува повеќе од нов производ, таа отвора сосема нова категорија на пазарот: природни, функционални ужинки кои во себе обединуваат енергија, практичност и здрав пристап кон исхраната. Наменета е за современите потрошувачи на кои им е потребна поддршка за да останат енергични, фокусирани и балансирани без разлика дали се во движење, на работа, на факултет или на тренинг.

Без додаден шеќер, без глутен и 100% вегански, Nutrino Lab Energy Boost доаѓа во три внимателно осмислени овошни миксови со различно ниво на природен кофеин, сѐ со цел да одговори на различните потреби за енергија, со оптимален баланс на вкус и функционалност.

  • Matcha Energy Boost со древната јапонска мача нуди балансиран извор на енергија во склад со дневниот ритам.
  • Plenty Energy Boost со црн чај обезбедува фокус во динамичната и брза секојдневна рутина.
  • Strong Energy Boost со познатата гуарана е идеален кога е потребен силен енергетски поттик за интензивни активности.

Nutrino Lab Energy Boost се создадени тргнувајќи од верувањето дека вистинската енергија доаѓа од природата, следејќи го динамичниот ритам на современиот живот. Дефинитивно ваш природен сојузник, без разлика каде и да ве однесе денот.