Evapify Group го засилува присуството на домашниот пазар со ALMA-M како ексклузивен дистрибутер

Европскиот гигант за алтернативни никотински производи EvapifyGroup, ексклузивен увозник на премиум брендовите Crystal, GeekBar и Drooly, го назначи водечкиот трговец на големо и мало ALMA-M за овластен партнер и дистрибутер во Северна Македонија, отворајќи ново поглавје во развојот на пазарот на вејпови и никотински кесички.
EvapifyGroup, водечка швајцарско-полска групација во сегментот на алтернативни никотински производи, потпиша стратешко партнерство со ALMA-M, компанија со повеќе од три децении искуство во трговијата на големо и мало, која важи за една од најуспешните компаниина Балканот.
Со оваа соработка, ALMA-M станува ексклузивен дистрибутер на премиум производите од портфолиото на Evapify, меѓу кои се глобално препознатливите брендови Crystal, GeekBar и Drooly. Партнерството означува почеток на нова развојна фаза, со фокус на проширување на пазарната покриеност, имплементација на современи логистички решенија, како и целосна усогласеност со европските регулативи и македонското законодавство.
Производите задолжително поминуваат низ ригорозниот процес на регистрација во Министерството за здравство на Република Северна Македонија и Царинска управа на Република Северна Македонија, со поставување на соодветна македонска бандерола и регулирани внатрешни и надворешни упатства за употреба.
„Ова е природна надоградба на нашето повеќегодишно присуство на македонскиот пазар. Со ALMA-M добиваме сигурен и стабилен партнер, етаблиран на локалниот пазар, со чие искуство и доверба кај клиентите, заеднички ќе ги подобриме и зацврснеме нашите позиции на пазарот“ - изјави Дејан Манев, Country Director на Evapify за Македонија.
Соработката се темели на заедничка цел - обезбедување поголема достапност и повисок квалитет за потрошувачите.
„Ова е природна надоградба на нашето повеќегодишно присуство на македонскиот пазар. Со ALMA-M добиваме сигурен и стабилен партнер, етаблиран на локалниот пазар, со чие искуство и доверба кај клиентите, заеднички ќе ги подобриме и зацврстиме нашите позиции на пазарот.“ -истакна Генералниот директор, Ивица Петровиќ од ALMA-M.
Стратешкото партнерство помеѓу Evapifyи ALMA-M носи нови стандарди на пазарот со квалитетни алтернативни никотиниски производи во Северна Македонија. Ваквиот заеднички пристап дополнително ќе ја зајакне достапноста на премиум брендовите и ќе придонесе за понатамошен, долгорочен развој на целата индустрија во земјата.
Повеќе информации за Evapify погледнете на https://evapify.mk/