ФОТО-ВЕСТ: Македонски успех на Аксиос Про Скопје на трката Gran Fondo Novi Sad 2025

Велосипедскиот клуб Аксиос Про Скопје оствари забележителен успех на меѓународната трка Gran Fondo Novi Sad 2025, која се одржа на 8 јуни под покровителство на UCI (Меѓународната велосипедска унија).
На трката, на која учествуваа повеќе од 500 велосипедисти од 40 земји, натпреварувачите на Аксиос Про Скопје покажаа врвна форма, спортски дух и борбеност. Особено внимание привлече победата во женска конкуренција на 100 км каде што натпреварувачка од Аксиос Про Скопје го освои првото место во генерален пласман, што претставува огромен успех за македонскиот велосипедизам.
Дополнително, двајца возачи на клубот успеаа да се квалификуваат за светското првенство 2025 UCI Gran Fondo World Championships, што оваа година ќе се одржи во Австралија.
Од клубот покрај големото задоволство за реализираните успеси, изјавија голема благодарност за поддршката што ја добиваат од спонзорите, меѓу кои се истакнува Sparkasse Life – платформата за општествена одговорност на Шпаркасе Банка, која активно инвестира во развој на заедницата, младите и спортот.
Аксиос Про Скопје – повеќе од клуб. Движење кон иднината!
Во продолжение: фотогалерија од трката и настапот на тимот Аксиос Про во Нови Сад.









