ГАРДЕРОБА, ФРИЗУРА, ШМИНКА: Колку трошат младите за да се спремат за матурската вечер?

Добивај вести на Viber

На матурантите им требаат неколку илјади денари само за купување на облека за прослава на матурската вечер, а дополнително младите ќе потрошат за чевли, шминка, фризура и слично. Некои веќе купиле гардероба за матурската вечер.

Јас за фустанот дадов 200 евра. На женските ќе им требаат повеќе пари за да се спремат, за шминка, фризура, нокти. Шминката чини од 1.000 до 1.500 денари, зависи каде, нокти по 600-700 денари, фризура 1.000 денари, зависи каде, зависи каква фризура. Треба да се плати и за прослава во ресторан. Во мојот клас повеќето сме од скромни семејства, а некој можеби ќе сака да си дозволи и поголем луксуз, рече Бојана Д. матурантка од Куманово.

Од бутиците велат дека женските најчесто купуваат фустани за прославата, а машките костуми.

Фустани бараат како и секогаш. Долги, едноставни, црвената боја доминира. Стандардно ја сакаат таа боја. Последниве години некако нема луксуз. Скромно се облекуваат. Трошат до 4.000 или 5.000 денари за фустани, објаснуваат од скопски бутик.
Читајте повеќе на Фактор