Јоана Спасовска, генерален директор на Flex Credit: „Градиме систем заснован на доверба, дигитална ефикасност и луѓе кои веруваат во она што го работат“

Flex Credit одбележа 5 години постоење. Како изгледа ретроспективата од овие пет години?
Спасовска: Многу сум среќна што одбележавме мини јубилеј, пет години постоење на македонскиот пазар. Можеби за некого не звучат многу, но за нас овие пет години беа исполнети со многу искуства, предизвици, успеси и раст што се чувстувуваат како цела една ера. Започнавме за време на корона пандемијата, како мал тим во скромни работни услови, но со многу голем ентузијазам и желба за успех. Од ден на ден го зголемувавме тимот, ја ширевме мрежата од филијали и ја градевме довербата кај клиентите.
Денес Флекс Кредит е водечки бренд во индустријата на финансиски друштва и е синоним за професионалност, транспарентност и доверба. Имаме тим од речиси 400 вработени, развивме мрежа од 65 филијали на Флекс Кредит и 40 на Земи Пари, и успеавме да се рангираме помеѓу првите ТОП 20 најуспешни компании. Годинава основавме брокерско друштво Flex Broker, платежна институција Flex Pay и наплатна агенција NAN, со цел на нашите клиенти, покрај кредитирањето, да им понудиме и други услуги. Сето ова е резултат на јасна визија, правилна стратегија и тимска работа.
Која е вашата формула за стабилен раст во време на економска нестабилност?
Спасовска: Да се бележи стабилен раст во турбулентно опружување е голем предизвик кој се надминува со искуство и знаење. Постојано сме во тек со случувањата на пазарот и потребите, навиките и очекувањата на клиентите. Креираме различни продукти и користиме индивидуален и одговорен пристап при кредитирањето. Наша цел е да овозможиме финансиска поддршка за граѓаните во моментите кога им е најпотребна, притоа внимавајќи да биде во рамките на можностите за отплата.
Комбинацијата на директна комуникација, достапност преку филијалите и силна технолошка поддршка нè направи отпорни дури и во услови на предизвици. Тимот што стои зад Flex Credit е дополнителниот фактор што прави разлика – луѓе кои не се плашат од промени и вложуваат повеќе од професионализам – се вложуваат себеси.
Како се позиционира Flex Credit на пазарот во споредба со конкуренцијата?
Спасовска: Ги следиме трендовите за дигитализација и имаме разработено софистициран систем кој овозможува брза онлајн апликација и исплата на одобрените средства на трансакциска сметка. Истовремено сме сведоци, дека голем дел од населението претпочита да посети филијала за да може на лице место да се информира за условите за кредит, да аплицира и да ги подигне средствата во готово. Токму затоа и инвестиравме во ширење на мрежата од филијали. Отворивме филијала во секој град, секоја населба, со цел да сме лесно достапни за клиентите. Клиентите во филијала добиваат професионална услуга, целосна информираност и финансиски советник кој се грижи за клиентот и го нуди најдоброто финансиско решение.
Ние не сме само кредитор, ние сме партнер и поттикнувач на финансиска стабилност кај граѓаните.
Flex Credit обединува повеќе компании. Како функционира синергијата меѓу нив?
Спасовска: Имаме одлична динамика меѓу компаниите. Flex Credit и Земи Пари се фокусирани на кредити, Flex Broker на осигурителни решенија, NAN на наплата на побарувања, а Flex Pay ќе биде нашиот најиновативен проект во финтек сегментот. Секој бренд има своја јасна мисија, но сите заедно градиме едно комплетно корисничко искуство. Тоа ни дава голема предност: можеме да понудиме сè што му треба на еден клиент – од кредит, преку осигурување, до брзи и дигитални трансакции.
Вашиот тим брои скоро 400 луѓе. Како ја градите таа култура на лојалност и професионалност?
Спасовска: Со луѓе се почнува и со луѓе се завршува. Гордост ми е што многумина од нашите вработени се со нас од самиот почеток. Имаме сопствена Бизнис Академија, континуирани обуки, менторски програми, и наградуваме успех и посветеност. На годишната конференција го користевме слоганот:„Признаваме – не можеме без вас“.Тоа не е само слоган, тоа е наш принцип што ние секојдневно го живееме.
Што значи за вас да бидете посакуван работодавач?
Спасовска: Особено сум среќна што годинава ја добивме и престижната награда “Најпосакуван работодавач за 2024 во категорија финансиски друштва“ во рамките на годишниот избор од страна на порталот vrabotuvanje.com. Да бидеш најпосакуван работодавач значи да создадеш средина каде секој се чувствува вреден, слушнат и охрабрен да расте. Ги вреднуваме идеите, почитуваме различност и веруваме дека најдобри резултати се постигнуваат кога луѓето работат со љубов и жар. Токму затоа имаме стабилен тим и високо ниво на лојалност – затоа што инвестираме во луѓето.
Кои се најголемите предизвици во сегментот на потрошувачки кредити денес?
Спасовска: Пазарот се менува брзо и потребата за едукација во оваа област е голема. Дел од клиентите очекуваат дигитални решенија, а довербата сè уште мора да се гради со личен контакт. Предизвик е да го задржиш човечкиот аспект во светот на автоматизација. Но, токму тука гледаме и можност – да бидеме мостот помеѓу дигиталното и блиското.
На што сте особено горди како генерален директор?
Спасовска: Горда сум што мене како млада жена ми е дадена довербата да раководам со компанија каде што вработените се ценат и се охрабруваат да се развиваат и напредуваат. Горда сум на тимот, на нивните лични и професионални успеси. На енергијата и атмосферата што владее кај нас. На постигнатите резултати, на емоциите и насмевките на нашите вработени. И секако, на огромниот број на задоволни клиенти кои што секојдневно потврдуваат дека успеваме во нашата мисија и не мотивираат да бидеме уште подобри.