Како технологијата стана најдобриот пријател на секоја современа жена!

Кога ќе се разбудиш а веќе е доцна. Кога појадокот касни, децата се караат, а прашалникот за тоа што да облечеш трепка како аларм во глава - знаеш дека ти треба супермоќ. Или барем неколку паметни уреди што работат за тебе додека ти ги спасуваш сите утрински мисии.
Затоа, дозволи ни да ти ги претставиме новите херои на модерното домаќинство: новата безжична стик правосмукалка Samsung Bespoke Jet AI Ultra, машина за перење со предно полнење со A -55% Extra Energy Efficiency и AI Home, и новиотSide-by-Side Family Hub фрижидер .
НовaтаBespoke Jet AI Ultra правосмукалка – помалку труд, повеќе време за себе
Bespoke Jet AI Ultra е безжична правосмукалка, ама не било каква. Со ултра лесен дизајн и исклучителна моќност, ја завршува работата за минута.. без нервози. И што е најубаво, со целосна дигитална контрола. Поврзи ја со апликацијата SmartThings и следи го статусот на батеријата, чисти ја филтрацијата и добиј совети како да го продолжиш животниот век на уредот, директно од телефонот.Звучи како фантастика? Не, само нова реалност во твојот дом.
Машина за перење со вештачка интелигенција - знае што и како сакаш
Секој има свој начин на перење. Внимавај со степените, може да се уншти облеката, не мешај бело и шарено! Со оваа машина за перење со предно полнење со A -55% Extra Energy Efficiency и AI Home, се се меша совршено.
AI Wash функцијата ги детектира тежината и мекоста на ткаенините и постојано го следи нивото на нечистотија, автоматски приспособувајќи ги параметрите за перење, како што се вода, детергент и времето на циклусот. Технологијата ја подобрува енергетската ефикасност на машината и ја намалува потрошувачката на детергент за до 15%. И да, знае да предложи програми што најмногу ги користиш - затоа што веќе те знае. Кога перењето ќе стане паметна пријателска рутина, животот ти станува полесен.
Kога фрижидерот е паметен, времето поминато во кујна е задоволство
Ова не е само фрижидер - ова е центарот на твојот дом. Со голем екран од 21 инч, фрижидерот SBS Family Hub ти овозможува да гледаш рецепти, да пушташ музика, да видиш што има внатре без да ја отвориш вратата (да, има вградени камери!), и дури, да ти покаже рок на траење на состојките. Меѓу другото, Twin Cooling Plus технологијата обезбедува оптимално ладење и спречува мешање на мирисите меѓу различните делови на фрижидерот и замрзнувачот.
Плус – преку SmartThings апликацијата, го синхронизираш со твојот календар што значи: додека Jet ја чисти дневната, а машината пере, фрижидерот ти вели што недостига и што може да направиш за вечера.
Една жена. Три уреди. И време да здивнеш.
Животот не може секогаш да биде под контрола, ама со вистинската технологија, барем домот може. Новите уреди од Samsung се тука да ја поедностават работата. Да ти дадат време за кафе. За книга. Или за 5 минути мир додека сите други бараат каде им е облеката. Затоа што заслужуваш технологија која работи со тебе. И за тебе.
Извонредна промотивна понуда започнува!
Во наредниот периоди, и тоа од 19.05 до 26.05 и потоа од 01.06 до крајот на месец јуни е активна промотивна понуда на одбрани производи од новите линии на апарати за домаќинството од Samsung. Одберете го најдоброто за вашиот дом и добијте фантастичен подарок – часовник Galaxy Watch7. Повеќе за промоцијата прочитајте тука.
*Пр објава