Каролина блеска во тантела, Тамара во црвено, а Елена со награда: Македонските ѕвезди доминираат каде и да се појават

За секој настан имаат модна комбинација како одговор. Со децении наназад темелно и посветено работат на својот моден печат. Јавноста ги препознава како дами кои вложуваат во својот изглед и претставителност што публиката од друга страна особено го цени.
Неодамна Каролина се појави во интересна дневна модна комбинација на снимање на ТВ емисија во Србија и демонстрираше уште еднаш зошто помеѓу публиката е препознаена како една од најдобро облечените јавни личности. Покрај модниот изглед, Каролина посветува доста време и труд и на својата нега, па затоа изгледа секогаш свежо и убаво.
Тамара се појави на јавен настан, сопствен музички перформанс во црвен фустан, а својот впечатлив и моќен изглед го дополни со црвен кармин, кој даде дополнителен ефект на нејзиниот целокупен изглед. Тамара, избра посвечена вечерна комбинација која е пригодна за јавниот настан на кој се појави.
Елена Ристеска, се пофали со ново признание во низата и тоа овој пат како носител на титулата - уметник кој дал особена придонес во културата и музиката, а оваа признание и го додели општина Аеродром. За оваа пригода, Елена избра кежуал варијанта, која прекрасно го истакнува нејзиниот младешки изглед. Црната кошула, ја дополни со нежна шминка и пригоден накит за денско појавување на ваков важен општествен и културен настан.
Секоја со свој стил, различни, со индивидуални црти во својот моден приказ, но под една заедничка придавка „убави“ - дами кои со години наназад поставуваат стандари на македонската музичка, но и модна сцена.
М.С.К