Животна училница // Приказни
„Ќе го јадеме или ќе се договараме“, порачува Слаткар од Амстердам

Откако со песната "Отворено писмо" ја опиша нашата актуелна состојба, хип-музичарот Слаткаристика најави нов спот, од Амстердам.
"Живееме у шупа, 30 години седиме на клупа и никако у игра да не пуштат. Со Тајсон у ринг преговараме, ќе го јадеме или ќе се договараме", се дел од стиховите на песната „Отворено писмо“. Според коментарите на социјалните мрежи, Слаткар со новата песна го поддржа Референдумот.
"Овие посети доаѓаат од мојата публика во Македонија, Бугарија , но и од Србија", изјави Слаткар кој е популарен во Бугарија и е дел од турнејата "Една љубов". Турнејата одржуваше во повеќе македонски и бугарски градови. Финансирана е од Владите на двете држави.