Кој стана милионер со УНИБанка? Извлечени добитниците од наградната игра “Стани милионер со УНИБанка”

УНИБанка уште еднаш потврди дека е многу повеќе од банка! Не само што нуди врвни и иновативни банкарски продукти, туку и ги наградува своите клиенти за лојалноста и довербата. Минатите години како дел од своите големи наградни игри Банката додели џип, стан, патување на Куба, а овој пат беше избран добитникот на 1.000.000 денари.
Олга Тодорова Софронијовскаод Скопјее среќниот добитник на големата наградна игра “Стани милионер со УНИБанка”. Главниот добитник, како и двајцата добитници на награди од по 300.000 денари, беа извлечени на 17.07.2025 во Бизнис Центарот на Банката по случаен избор со помош на компјутерска програма, а согласно претходно поставените услови за учество.
„Веќе неколку години сум клиент на УНИБанка и редовно ја користам мојата Mastercard картичка, како за секојдневни купувања во продавници, така и за онлајн трансакции. Навистина преферирам плаќање со картичка, не само поради практичноста и сигурноста, туку и поради сите дополнителни бенефити што ги нуди УНИБанка.Кога ми се јавија да ми соопштат дека сум добитник на милион денари, не можев да поверувам! Тоа беше момент на вистински шок и радост, без сомнение најнеочекуваниот и највозбудливиот подарок што сум го добила досега. Навистина е прекрасно чувството да бидеш награден од институција на која ѝ веруваш. УНИБанка досега многупати покажала голема посветеност кон своите клиенти како преку промоциите, така и преку секојдневната љубезност и поддршка од вработените.Огромна благодарност до УНИБанка за ова изненадување!“ – изјави Олга.
Како и минатите години и оваа наградна игра предизвика голем интерес, поттикна голем број луѓе преку УНИБанкада користат Mastercard картички, и да ги согледаат бројните предности кои ги носат безготовинските плаќања, како во поглед на едноставноста и брзината на трансакциите, така и во поглед на сигурноста на самите плаќања со овие картички.
Посветеност кон клиентите, дигитализација и имплементирање иновации во работењето, поддршка за своите корисници се работи по кои и понатаму ќе биде препознаена УНИБанка. Банката и во иднина ќе иницира активности и проекти со кои ќе ја оправда довербата на своите клиенти, потврдувајќи им дека ја избрале најдобрата банка.
УНИБанка им се заблагодарува на клиентите за учеството во наградната игра, за укажаната доверба и ветува дека и понатаму ќе прави напори да ја награди нивната лојалност, а на добитниците им посакува да уживаат во наградите и во иднина да ги користат кредитните идебитните Mastercardкартички издадени од УНИБанка, како и останатите продукти и услуги на Банката.