Колку е важна физичката активност за женското здравје?

Во светот на современите предизвици, жените
често се соочуваат со многу стрес и напнатост, особено пред менструалниот
циклус. Овие денови можат да бидат исполнети со физички и емоционални
предизвици, кои понекогаш се чини дека ги надминуваат нашите способности.
Болките, промените во расположението и општата нерасположеност можат да
создадат чувство на беспомошност. Но, во овие моменти на непредвидливост,
постои една практика која може да донесе мир и утеха – јога.
Пред менструалниот циклус, кога нашето тело поминува низ многу промени, јогата нуди алатки за справување со нив, помагајќи ни да се поврземе со нашето тело на длабок и значаен начин.
Токму затоа, dm и јога инструкторката Ивана Стаменковска споделуваат со нас неколку јога вежби кои може да ни бидат корисни оние денови во месецот.
Секој потег, секое дишење, секоја позиција е чекор кон подобро здравје и благосостојба. Затоа, одвојте време за себе, практикувајте физичка активности и дозволете си да се чувствувате целосно и слободно. Не е секој ден лесен, но можете да го направите полесен!