Ленени кошули и блузи: 15 модели што нема да ги соблечете цело лето

Ленот дефинитивно има место меѓу омилените летни материјали...
Ленот е лесен и воздушест, кожата може да дише во него, а фактот дека се брчка малку повеќе не ја намалува љубовта кон ленот.
Меѓу омилените парчиња облека изработени од овој совршен летен материјал се ленените кошули и блузи.
Тие се парче што може да се носи во разни пригоди, лесно се комбинираат со остатокот од гардеробата и со себе носат доза на летна релаксација.
Ленените блузи и кошули изгледаат одлично во комбинација со здолништа, панталони, фармерки, бермуди...
Дури и кошулите со долги ракави се во игра, и изгледаат подеднакво добро кога се носат закопчани или раскопчани преку обичен топ.
Продавниците имаат широк спектар на кошули и блузи изработени од лен и мешавини од лен, а ние одбравме 15 опции во галеријата подолу.
Постојат модели во различни бои и кроеви што можете да ги
додадете во вашиот летен гардеробер.
Фото: Pinterest













