Македонската компанија Тритекс, преку својата нова колекција за жени Tell Your Story, ја раскажува својата приказна

Тритекс како
домашна компанија за производство на долна облека и пижами, на нашиот пазар е
присутна повеќе од 30 години. Оваа сезона прилет лето лансираа интересна женска
колекција Tell Your Story, која беше инспирација за Тритекс да ја раскаже
својата приказна :
”Уште од првиот ден, нашата посветеност е квалитетот и удобноста на нашите производи, што е и наша најголема водилка низ овие години.
Почнавме со производство на скромен асортиман класична долна облека и се проширувавме постепено и внимателно Од класични модели долна облека преку разни стилови за бебиња, деца и возрасни, па до уникатни пижами за сечиј вкус и потреба.
На читателите на Женски магазин сакаме да им ја претставиме нашата нова женска колекција која ја нарековме Tell your story затоа што веруваме дека:
Секоја жена носи своја приказна. Приказна испишана со љубов, храброст, предизвици и триумфи. Токму таа уникатност е нашата инспирација за оваа колекција.
За младите девојки кои првпат ја откриваат својата женственост, за зрелите дами кои гордо го носат своето искуство, за секоја жена која преку нашата колекција ја раскажува својата приказна.
Колекцијата Tell your story е создадена за сите жени. Со внимателно осмислени модели, нежни нијанси и впечатливи детали, оваа колекција ја слави жената каква што е – автентична, слободна, убава.
Секое парче од колекцијата е симбол на индивидуалност. Без разлика дали преферираш класична елеганција, романтична нежност или смела современост, овде ќе ја најдеш приказната што ти прилега само тебе. Приказна која ја креиравме за тебе.
„Сакавме да создадеме нешто повеќе од облека за спиење. Сакавме да создадеме израз и начин жената да се препознае, да се пронајде и да се чувствува добро во своето тело.“ – велат дизајнерките на брендот.
Дали си подготвена да ја кажеш својата приказна?
Погледни ја колекцијата "Tell your story" во нашите продажни места и пронајди го парчето што зборува токму за тебе.
ПР објава