Македонски градови кои ги победија Шпанија и Грција во категорија - најдобри за семеен одмор

Цените во пораст веќе подолго време влијаат врз плановите за патување на семејствата низ цела Европа.
Иако познатите европски метрополи често се сметаат за скапи дестинации, постојат градови во кои може да се ужива без преголеми трошоци.
Магазинот Conde Nast Traveller состави листа од десет најповолни европски градови за семеен одмор, земајќи ги предвид цените на сместување, изнајмување возила, влезници за атракции, како и климатските услови.
Меѓу нив се најдоа и два македонски града – Куманово и Битола.
На осмо место се наоѓа Загреб, хрватската метропола која, и покрај повисоките цени на хотелите (околу 145 евра по ноќевање), нуди голем број бесплатни и евтини содржини, како и зелени површини идеални за семејни прошетки.
Топ 10 најповолни градови за семеен одмор според Conde Nast Traveller:
-Темишвар, Романија
-Куманово, Македонија – град со богата историја, традиционална култура и пристапни цени
-Битола, Македонија – културен центар со уметничка сцена и историски знаменитости
-Балти, Молдавија
-Варшава, Полска
-Будимпешта, Унгарија
-Мадрид, Шпанија
-Загреб, Хрватска
-Атина, Грција
-Софија, Бугарија
Овие дестинации се издвојуваат со богата локална култура, историја и гостопримлива атмосфера – а цените дозволуваат подолг одмор без финансиски товар.
Conde Nast Traveller ги охрабрува патниците да го истражат континентот надвор од скапите туристички патеки и да откријат автентична Европа по пристапни цени.