Max&Co. – Нова колекција есен/зима ’25 во Ramstore Mall

Во Max&Co., на
приземјето во Ramstore Mall,
пристигна најновата колекција есен/зима ’25, која комбинира практичност и
удобност со карактеристичниот современ стил на брендот.
Колекцијата ги претставува и класичните нијанси како камел, зелена, црна и крем, како и живи, колоритни тонови што внесуваат свежина и динамика во есенско-зимските стилски избори.
Капутите и тренч мантилите на Max&Co. се неизоставен дел од сезонската гардероба – внимателно изработени од висококвалитетни материјали, со елегантни детали кои додаваат префинетост во секојдневието.
Црната кожна јакна, како и сетот од кошула и здолниште во кожа, претставуваат парчиња што веднаш ја зацврстуваат секоја модна комбинација, создавајќи моќен и современ изглед.
Особено место во колекцијата есен/зима ‘25 има и впечатливиот асортиман на аксесоари од висококвалитетна кожа, кои додаваат моќен акцент на секоја комбинација. Колекцијата е наполнета со есенски тонови и колоритни детали, создавајќи хармоничен баланс и уникатен стил.
Оваа сезона Max&Co. претставува и ексклузивна капсулна колекција – “Here we go again”, инспирирана од хип-хоп културата, кошарката и иконскиот стритстајл на почетокот на 2000-тите. Креирана во соработка со италијанскиот уметник Pietro Terzini, колекцијата внесува свежина, урбана енергија и пораки поврзани со духот на современата култура.
Max&Co. ’25 носи парчиња кои овозможуваат бесконечни комбинации – од секојдневни до свечени стилови – секогаш во чекор со најновите модни трендови, со совршен баланс од есенски тонови и живи, колоритни детали.
ПР објава