Мирен сон под летните ѕвезди: лесни ритуали за вечерна магија!

Добивај вести на Viber

Летото е како долг, неодолив филм под отвореното небо – деновите траат вечно, ноќите се топли и полни со ѕвезден сјај, а воздухот мириса на слобода и лубеница! Сè повикува на уживање: од безгрижни разговори на тераса до заспивање под шепотот на брановите ако сте на некоја плажа. Но, баш тие волшебни ноќи знаат и да бидат жешки – буквално! Затоа, да го направиме летниот сон поудобен и поубав, со пет едноставни трикови :

1. Освежете ја спалната соба и изберете лесна постелнина

Пред спиење, проветрете ја просторијата и затворете ги завесите за да ја задржите свежината. Ако е можно, користете вентилатор или лесен климатизер со умерена температура (не под 24°C) за да не ја претворите собата во фрижидер и запалете по некое убаво миризливо стапче за приспивна атмосфера. Памучните или ленените чаршафи се совршени за лето –  лесни се, дишат и не задржуваат топлина.

2. Млак туш

Топлото тело тешко се смирува. Брз, млак туш со миризливa купка пред легнување ќе ви помогне да го ублажите внатрешниот „жар“ на денот и ќе ви донесе пријатно чувство на свежина. Телото ќе ви се  заблагодари, а сонот ќе пристигне побрзо отколку „уште пет минути на Instagram“.

3. Лесна вечера и чај за добра ноќ

Без мрсно и без алкохол – вечерите се за лесни оброци и уште полесни мисли. Заборавете на грицките од навика и наместо тоа, изберете лесен органски оброк, што го гали стомакот, а не го оптоварува. Мала салата со свежа зелка и јогурт, печен зеленчук или тост со авокадо – доволно е за ситост, без тежина. За длабок и сладок сон, витаминот Б и чајот се сигурна формула.

4. Медитацијата за заспивање

Исклучете го телефонот, и вклучете се себеси: медитацијата може да биде вашиот најдобар сојузник. Со нежни водени насоки, тивка визуелизација и длабоко, смирувачко дишење — таа го успорува пулсот и го префрла телото во состојба на длабока релаксација. Како да притиснете „ресет“ по напорен ден. Само тивки 10 минути пред спиење – без екрани, без обврски, без врева можат да бидат доволни за да се разбудите наутро со свежина, лесно тело и посмирен ум.

5. Спиење под ѕвездите? Зошто да не?

Ако имате балкон, двор или дури и голем прозорец што гледа кон небото – направете си мини летен камп. Душек, лесно ќебенце, тивка музика во позадина, и неколку миризливи свеќи или ламбички за амбиент и уживајте во магијата на ноќта. Ваквите мали ритуали го хранат духот и го смируваат умот-совршен рецепт за мирен сон.

Летото може да биде совршен сојузник за поинаков, побавен ритам и поубав сон – само ако му дозволите. Со малку креативност и грижа, вашата вечерна рутина може да стане најсаканиот дел од денот. Подгответе ја атмосферата, изгаснете го светлото, слушајте го телото и бројте ги ѕвездите и... соништата нека започнат! 

*ПР објава