Можеби единствената која носи турбан - заштитниот знак на Есма: Нема ни да претпоставите која е

Добивај вести на Viber

Водителката Сузана Турунџиева е една од ретките телевизиски ликови која сака промени на личниот изглед, но и често ги применува во пракса. Витканата коса е нејзина специфична карактеристика, па и често знае да експериментира.

Последната промена на виткана коса со изразени локни, предизвика позитивна промена на нејзиниот лик.

Но, во последно време често на себе како моден додаток го носи турбанот, кој го комбинира со комбинации кои прилегаат на нејзиниот стил.

Турбанот беше специјалност по кој беше препознатлива кралицата на ромската песна, Есма Реџепова.

Како тинејџерка Турунџиева го негувала хипи стилот – долги широки сукњи и бели кошули. Во тоа време хит биле и кожните бохо чизми со реси кои ги набавувала од Франција, Германија и Шпанија, на многуте турнеи и екскурзии каде патувала со хоровите во кои пеела. Но, исто така храбро носела и мини здолниште, кога температурата во Битола паѓала на-28 степени под нулата.

Стилот на Сузана Турунџиева, нашата популарна пејачка и водителка доживеал многу промени на низ годините. Но, една размисла останала иста-дека во ултра скап фустан ќе изгледа подобро, поотмено или посамоуверено, отколку во просечно скапа облека.

Во последните објави на социјалните мрежи како моден додаток Турунџиева го фаворизира турбанот кој има богата историја и културно значење, но во современиот моден свет тој се појавува стилски и практичен аксесоар.

Го искомбинирала во неколку различни изданија, за различни пригоди.

Турбанот е ткаенина која се завиткува околу главата, најчесто на специфичен начин. Во модата, тој може да биде однапред обликуван (како капа) или се врзува рачно, зависно од стилот и дизајнот.

Историја и културно значење

Културен контекст: Турбанот има длабоки корени во многу култури — Индија, Блискиот Исток, Африка, и Сикх религијата. Носи симболика на статус, вера, и идентитет.

Во модата: Западниот моден свет го прифаќа турбанот од 1920-тите, особено преку влијанието на филмските ѕвезди и дизајнери како Пол Поаре. Во 1960-тите, турбанот станува „glam“ аксесоар, често асоциран со луксуз.

Современа употреба како моден додаток

Материјали: Свила, памук, сатен, плетиво – избирани според сезоната.

Функционалност: Освен естетика, турбанот може да служи за:

-Покривање на коса (моден избор или поради опаѓање на коса, медицински причини)

-Заштита од сонце

-Стилско акцентирање на изгледот

Турбанот како моден додаток на себе го носеле голем број познати светски личности, како Ријана, Соланж Ноулс, Сара Џесика Паркер, Алиша Кис и многу други.

Обично турбаните се комбинираат со лежерна, но и елегантна облека.

Фото: Инстаграм
РЖМ

Сузана Турунџиева: Животот ме научи прво да си ги „измијам“ мислите, а потоа телото - со огромна радост ја „облекувам“ најубавата насмевка и излегувам од дома