Можело да заврши фатално: Роби Вилијанс се предозирал со храна

Добивај вести на Viber

Роби Вилијамс денес е оженен човек во стабилен брак.  Пејачот има 46 години и изгледа одлично, буквално во секоја смисла. Пред 2010 година тој призна дека три години бил заробеник на својот ум и три години не излегол од домот.

 Во тој период во неговиот живот влезе Ајда Филд, неговата моментална сопруга, која единствена успеа да го „извлече од куќата“ и да им го врати на сите обожаватели на неговата музика.

Тој во своето неодамнешно интервју откри дека за малку ќе умрел од труење со жива откако изел премногу риба. Пејачот стана веган во 2017 година, а неодамна повторно започнал да конзумира риба и месни производи во својата исхрана.

Сепак, на неодамнешната медицинска проверка дознал дека има труење со жива поради прекумерна конзумација на морска храна, пренесуваат светските медиуми.

„Јадев риба двапати на ден и завршив со најголемото труење со жива што некогаш го видел докторот“, изјавил Роби за „Радио Х“.

Инаку, тој со сопругата Ајда има три деца: Теодора Роуз, Чарлтон Валентајн  и Колет Џозефин.


Фото: Profimedia