Најдобра храна за да ја понесете на пат: Не го оптоварува желудникот и нема да се расипе

Добивај вести на Viber

Летото е во полн ек, а патиштата кон брегот се веќе полни со автомобили кои се упатуваат кон своите годишни одмори. Но, со сообраќајните метежи и топлината, патувањето до морето може да потрае подолго отколку што планиравме.

Затоа е важно паметно да се снабдиме со храна што ќе нè освежи, и - најважно - нема да се расипе на +30 во сенка.

Заборавете на мрсните сендвичи и чоколадните плочки што се топат во првата минута од возењето. Наместо тоа, изберете лесни и освежителни грицки што се лесни за консумирање и нема да предизвикаат тежина во желудникот. Еве ги нашите омилени:

*Свежо овошје со „долг рок на траење“ - јаболката, нектарините и грозјето се отпорни на топлина и идеални за патување;

*Сушено овошје и јаткасти плодови - одличен извор на енергија без страв од расипување;

*Мини домати и краставици - совршени за грицкање, полни со вода и природно освежувачки;

*Интегрални тортиљи полнети со хумус - не бараат ладење ако се консумираат во првите неколку часа;

*Оризови крекери, грисини или пуканки од пченка - лесни, крцкави и неутрални за желудникот;

*Сирење во мини пакувања (како преработено сирење) - може да траат неколку часа надвор од фрижидерот;

*Варени јајца - едноставна и заситувачка опција, но најдобро е да се чуваат во термо кеса и да се јадат во првите неколку часа;

*Јогурт во процедена верзија (грчки јогурт во кеса) - погоден за пократки порции ако имате пренослив ладилник;

*Вода, вода, вода! - најдобрo е ладнa, но и на собна температура, хидрира и помага против замор;

*Благи билни чаеви (лаdni) – камилицата или нането можат да го смират желудникот и да ја намалат нервозата при возење;

Конечно, чувајте сè спакувано во практични кутии или хартиени кеси и инвестирајте во ладна кеса - вашето стомак и расположение ќе ви бидат благодарни.

Фото: Pixels.com
Извор: Zadololjna.dnevnik.hr