На повидок глобален шок за љубителите на благо: Историска криза со какаото ја зголемува цената на чоколадото

Најголемо зголемување на цените на чоколадото е забележано во Полска и тоа од 39,1 отсто, додека цените во Естонија се зголемиле за 37,9 отсто, а во Литванија за 36,5 отсто. Најмали зголемувања на цените има во Луксембург (+5,2 отсто), Кипар (+9 отсто) и Италија (+12 отсто).
Меѓународната организација за какао процени дека производството во сезоната 2023/2024 се намалило за околу 10 отсто во споредба со претходната сезона. Главните причини се комбинација од лоши временски услови, болести на земјоделските култури во Западна Африка и климатските промени.
Поради намалувањето на производството, цената на какаото, која порано се движеше помеѓу 2.000 и 3.000 евра по тон, достигна до 13.000 евра. Аналитичарите очекуваат таа да се стабилизира на околу 9.000 евра до крајот на годината.
Овој пад на производството доведе до дефицит во понудата на какао или разликата помеѓу побарувачката и понудата. Овој дефицит достигна 478.000 тони во сезоната 2023/2024, што е најголемиот недостиг во последните 60 години. Поради тоа, зголемувањето на цените на какаото предизвика невидена инфлација и стави дополнителен товар врз производителите на чоколадо во светот.
Фото: Freepik.comИзвор: ФАКТОР