Најубавото здолниште за есенва постои, а го пронајде таа: Модно издание на кралицата Ранија кое може веднаш да го ископирате

Комбинација од класични и ефективни модни парчиња за совршено издание.
Кралицата Ранија од Јордан е една од најубавите членови на кралското семејство низ целиот свет, а воедно се смета и за една од најстилските дами.
По годишниот одмор, кралицата се врати на кралските должности со стил и избра модно издание кое ја комбинира елеганцијата со бизнис шик.
Таа одлично го комбинираше едно од најкласичните парчиња, белата кошула.
Таа комбинираше романтична кошула со балон ракави од брендот Chloe со ефектно макси здолниште во светло жолта боја.
Здолништето од брендот Emporio Sirenus имаше необична изработка во пределот на половината, што го нагласуваше нејзиниот струк уште повеќе, а истиот принт се проткајуваше и во долните делови од здолништето.
Со ова, Ранија од Јордан постигна фантастичен баланс помеѓу класичната елеганција и медитеранскиот шарм.
Со оваа беспрекорна комбинација, кралицата на Јордан носеше пар жолти сандали од Прада.
Ова модно издание на Ранија може да послужи како совршена инспирација за топлите есенски денови. Бела кошула и впечатливо макси здолниште можат да се комбинираат на многу начини и секогаш ќе постигнат беспрекорен изглед.
ФОТО: Инстаграм