Новиот партнер за малите и средни бизниси: Логистиката на Wolt е пресвртница за домашната е трговија

Добивај вести на Viber

Во македонскиот е-трговски екосистем, каде логистиката и брзината на испорака сè уште се „тесното грло“, глобалниот сервис Wolt настапи со јасна амбиција да стане главниот катализатор за модернизацијата на домашниот интернет пазар. Наспроти тоа речиси две третини од населението на возраст од 15 до 74години купува онлајн и од нив дури 80% од нарачките ги реализираат на странски веб-сајтови, а само 27% од малите и средни фирми покажуваат висока  дигитална зрелост.

Според податоците на Wolt, 77% од трговците‑партнери изјавуваат дека по приклучувањето кон платформата допреле до нови купувачи, што укажува на можноста овој тренд да се насочи во корист на домашните играчи. Како растот на пазарот кој сега вреди околу 0,6милијарди долари, а до 2032 година се очекува да ја надмине психолошката граница од една милијарда, да се насочи кон домашните мали и средни претпријатија (МСП) кои се соочуваат со слаба инфраструктура, фрагментирани курирски сервиси и нестандардизирани адреси. Овие состојби се изразени особено надвор од Скопје. Според последниот Индекс на логистички перформанси на Светската банка, земјата е позиционирана на 57-мо место поради послаба оценка за инфраструктура и компетентност.

olt нуди висококвалитетна и брза испорака на разни производи поради напредните и иновативни системи кои ги користи во логистиката на доставување. Кога во април2025година Wolt ја стартуваше својата платформа во Скопје, веднаш поврза мноштво ресторани, продавници и курирски партнери. Генералниот директор за Северна Македонија, Ѓорѓе Давидовиќ, тогаш порача дека „целта е да се постави нов стандард за брзина и транспарентност, истовремено отворајќи нов канал за раст на малите бизниси“.

Овој модел ги следи трендовите и на другите пазари на Wolt, каде што до 86% од курир‑партнерите велат дека платформата им овозможува флексибилна заработка под нивни услови. Од влезот, компанијата стана членка на Асоцијацијата за е-трговија, испраќајќи јасен сигнал дека нема да настапува изолирано, туку во синергија со локалниот екосистем.

Компанијата користи системи кои во реално време ги пресметуваат сите варијабли – локација на доставувачите, тип возило, временски услови, густина на сообраќај, дури и просечно време за паркирање кај конкретен објект, и соодветно да го извести доставувач-партнерот. Системот прави и „bundling“, односно ако двајца соседи нарачале од ист трговски центар, ги групира во една тура. Резултатот се пократки рокови за испорака, помалку километри и пониски трошоци – особено во град како Скопје, каде тесните улици и недостатокот од паркинг често ги „јадат“ минутите на испорака. Во некои градови, оваа „bundling“ логика помогна просечното време на достава да се намали за 17%, истовремено намалувајќи го јаглеродниот отпечаток врз животната средина.

Нивниот алгоритам е „слеп“ при распределба на нарачките, а секој доставувач -партнер има можност да избери испорака. Оваа филозофија на транспарентност не е маркетиншки трик: компанијата веќе трета година по ред објавуваИзвештај за алгоритамска транспарентност, што е реткост во индустријата.

За корисниците, оваа комплексност се сведува на просто искуство: прецизен тајмер што се ажурира во реално време и целосна видливост на доставувачот на мапа. Со едноставна апликација на македонски јазик, која го олеснува дигиталното искуство, потрошувачот добива:

-  Брзина и сигурност: прозорец за испорака од 30 до 40минути во центарот на градот, поддржан од живо следење.

-Избор и локален шмек: од традиционален бурек до специјализирана безглутенска пекара, книга или букет од цвеќе - сè е достапно од истото место.

-Флексибилно плаќање: картички и дигитални паричници со промо-кодови и попусти.

-Јасни трошоци: без „скриени такси“– корисникот уште на чекор за потврда ја гледа целата пресметка, вклучително и надоместот за достава.

Според анкетите на Wolt, 75% од корисниците велат дека апликацијата им помага полесно да ги поддржуваат локалните бизниси. За  малите и средни бизниси  Wolt  е “брзиот пат“ до онлајн продажба без инвестиција во веб‑сајт или сопствен возен парк, носејќи мобилна публика до прагот на малите дуќани. За семејните дуќани, ова значи пристап до поширока — и мобилна — публика, додека за потрошувачите отвора пазар со локални производи на допир од екран. Можностите кои некогаш им беа достапни само на големите е‑комерц платформи - дигитални излози од светска класа, ефикасна логистика при последната фаза на испорака и видливост во реално време, сeга Wolt им ги нуди на локалните бизниси, овозможувајќи им ефикасно да конкурираат на глобално ниво.

Македонија влегува во „златна доба“ на дигиталната трговија, но вистинската трансформација се случува на последниот километар – каде што алгоритмите на Wolt ги вкрстуваат локалните улици. Компанијата веќе ги исполнува ветувањата за брзина, транспарентност и фер партнерства, и со нив носи не само топол оброк пред вратата, туку и жар за целата дигитална економија во земјата.

ПР објава