Одобрена апликација на УНИБанка за шемата СЕПА кредитен трансфер од страна на Европскиот совет за плаќања

Апликацијата на УНИБанка АД Скопје за СЕПА кредитен трансфер шемата е одобрена од Европскиот совет за плаќања и Банката ќе биде вклучена во Регистарот на учесници за СЕПА кредитен трансфер на 08 август 2025 година.
Во периодов Банката интензивно работи на сите неопходни процеси со цел техничка интеграција, со целда им ја овозможи на своите клиенти услугата СЕПА кредитен трансфер.
УНИБанка како дигитална финансиска институција континуирано вложуваи инвестира во нови напредни технологии кои го подобруваат корисничкото искуство. Истовремено се усогласува и со европските стандарди и регулативи потврдувајќи го својот епитет на современа европска банка. Сето ова придонесува Банката да функционира како партнер на своите клиенти и да ги поддржува во секоја фаза од нивниот развој, како локално така и на меѓународно ниво.