Перутнина Птуј го слави природниот и здрав начин на живот со нивната линија Fresh Chicken Natur

Добивај вести на Viber

Оваа среда, 11 јуни започнува најновата кампања на Перутнина Птуј наречена „Поблиску до природата“, во која во фокус ја става линијата Fresh Chicken Natur, потенцирајќи ја природата на одгледувањето, одговорноста и автентичниот вкус.

Оваа линија става акцент на производството на пилешко месо во локални фармишто е веднаш спакувано. На овој начин Перутнина Птуј Natur станува сигурен избор за оние семејства кои го ставаат на прво место квалитетот, транспарентноста и врската со природата.

„Преку кампањата 'Поблиску до природата', ги повикуваме семејствата повторно да се поврзат со храната што навистина значи нешто – природа, здравје и дом,“ изјави Никола Марковски, Генерален Директород Перутнина Птуј Македонија. „Нашата линија Natur не е само производ – туку ветување.“

Основата на работните принципи на Перутнина Птуј се темели врз три основни вредности:

Природа

Перутнина Птуј Natur ги почитува највисоките стандарди на соработка со природата. Секој чекор – од одгледувањето на фармите до пакувањето – е направен со почит кон животната средина и со верба дека природата е и извор и стандард.

Здравје

Fresh Chicken Natur се производи кои стигнуваат до потрошувачите без непотребни додатоци, целосно безбедни, поддржувајќи го активниот и балансиран начин на живот  и сесекогаш во хармонија со природата.

Семејство

Во Перутнина Птуј веруваат дека храната е основниот двигател кој ги поврзува луѓето, асемејниот оброк е повеќе од храна – тоа е момент на блискост. Линијата Natur го поддржува ова верување, нудејќи оброци во кои може сите заедно да уживаат. 

*ПР објава