По повод партнерството на A1 како генерален спонзор на фестивалот Охридско лето 2025

Интервју со Бранкица Толевска, раководител на Оддел за корпоративна стратегија, бизнис трансформација и корпоративни комуникации во А1 Македонија
A1 и Охридско лето, свеж бран култура што поврзува без граници
Во ера кога технологијата ја менува секоја сфера од нашиот живот, A1 Македонија со гордост ја презема улогата на генерален спонзор на Охридско лето, фестивал кој претставува „свеж бран култура“ и ја носи традицијата на македонската уметност во современ контекст. За да ги откриеме врските меѓу уметноста и технологијата како двигатели на поврзаноста меѓу луѓето, разговараме со Бранкица Толевска, раководител на оддел за корпоративна стратегија, бизнис трансформација и корпоративни комуникации во А1 Македонија.
Што значи за A1 да биде партнер на еден ваков културен настан како Охридско лето?
За А1 ова партнерство претставува многу повеќе од финансиска поддршка, тоа е инвестирање во иднината на културата и уметноста како клучни столбови на заедницата. Имено, во време кога технологијата создава нови начини на поврзување, ние ја гледаме уметноста како универзален јазик што ги урива бариерите и ги поврзува луѓето. Охридско лето, со програмата што ја носи оваа година, го носи токму тој дух, ја оживува традицијата преку современ израз, а нашата улога e да дадеме поддршка во тој процес на приближување на уметноста до сите.
Сеуште сме под импресии на свеченото отворање што се случи изминатиов викенд на волшебната сцена на Античкиот театар. Вечерта беше навистина посебна со настапот на врвни светски музичари заедно со Македонската филхармонија кои создадоа атмосфера што се памети. Внимателно осмислената програма, до сценската изведба остави впечаток на културен настан од светски ранг. Како генерален спонзор, особено сме горди што имавме можност да бидеме дел од овој значаен момент бидејќи ваквите вечери не се мерат само со аплаузи, туку со емоцијата што ја носиме дома. Токму затоа „Охридско лето“ е нешто повеќе од фестивал. Тоа е вредност што ја поддржуваме со срце.
Какви предности и искуства добиваат корисниците на A1 преку ова партнерство?
Ова партнерство е за целата публика, за љубителите на уметноста и за сите оние кои ја разбираат вредноста на традицијата. Големото А1 семејство има можност да биде дел од „свежиот бран култура“ преку дигитални платформи кои им носат иновации и квалитет. На тој начин, тие не само што уживаат во уметноста, туку и се дел од заедницата што ја создава и поддржува.
Во каква мерка партнерството ја одразува корпоративната одговорност на A1?
Веруваме дека корпоративната одговорност е повеќе од обврска, тоа е визија и долгорочен ангажман. Поддршката на фестивал како што е Охридско лето е наша инвестиција во општество кое вреднува креативност, иновација и поврзаност. Со ова партнерство ја потврдуваме нашата посветеност да создадеме услови каде уметноста може да се развива, а технологијата да служи како платформа за поврзување на луѓето.
Како би го опишале значењето на слоганите „Свеж бран култура“ и „Уметноста трансформира“ во контекст на ова партнерство?
И двата слогани, иако независни, сепак се длабоко поврзани и ја сумираат посветеноста кон негувањето на уметноста како вечен извор на инспирација и мост кој ги поврзува луѓето, додека „свежиот бран култура“ го означува она што фестивалот го носи, а тоа се нови перспективи, модерни форми и динамична енергија. За A1, ова значи дека преку технолошки иновации и поддршка на традицијата, ја стимулираме културната енергија што ги обединува луѓето и го збогатува општеството. Во таа насока, „Свеж бран култура“ и „Уметноста трансформира“ не се само слогани, туку мото што ја одразува силата на уметноста како постојан двигател на промени и раст.