„Природните состојки се причината зошто корејската козметика го освои светот“: Интервју со Христина Механџиска за новата K-BEAUTY линија на козметички производи за нега и убавина

Добивај вести на Viber

Стандардите за убавина на корејските жени се резултат на долгогодишни културни влијанија и современи трендови.

Во традиционалната корејска култура, белата кожа била знак на висока социјална класа, бидејќи укажувала на тоа дека лицето не морало да работи на отворено. Овој идеал за „порцеланска“ кожа останал длабоко вкоренет и во современото општество.

Во 2024 година, K-beauty индустријата продолжува да се развива, со акцент на минимализам и инклузивност. Потрошувачите се повеќе бараат производи со повеќе функции, како што се мултифункционални креми и серуми, кои комбинираат нега и шминка.

Корејската козметика сега е лесно достапна и за Македонките кои сакаат да изгледаат негувано и здраво. Во Скопје се отвори „бутик“ со корејска козметика, ново место за уживање каде може да добиете совет, препорака за производите и задоволни да ја продолжите К-рутината.

Водечката фармацевтска компанија во Македонија „Зегин“ е застапник на K- Beauty линијата за нега и убавина, и која овозможи полесна достапност на корејската козметика во Македонија.  

Женски магазин имаше можност да поразговара со Христина Механџиска, косопственик на компанијата „Зегин“, кои воедно ги сподели деталите за овој тип на козметика.

ЖМ: За каков тип на козметика за нега и убавина станува збор?

-K-BEAUTY или корејска козметика е линија на козметички производи за нега на кожа и коса кои доаѓаат од Јужна Кореја. Континуираната иновација, напредната технологија и уникатните формулации се причините зошто K-Beauty стана глобален феномен, тренд кој станува дел од главниот пазар за убавина. Со висок квалитет и ефикасност, корејските козметички производи поставуваат нови и високи стандарди во глобалната козметичка индустрија.

Корејските жени се едни од најпребирливите потрошувачи на козметички производи во светот. Тие имаат многу високи стандарди и јасно знаат која е нивната цел-беспрекорна кожа. Затоа корејската козметика е секогаш еден чекор пред останатите. И функционира совршено!

ЖМ: Со што се карактеризираат производите и која е специфичноста на корејските производи? Што ги прави корејските козметички производи посебни?

-Состојките. Природните состојки се причината зошто корејската козметика го освои светот. Корејските производи не содржат парабени, вештачки мириси, синтетички бои и силикони. Но, тоа не е сè. Здравите и природни состојки се комбинирани со егзотични состојки, кои обично не се користат во западната козметика, и даваат неверојатни и долгорочни резултати. K-beauty насекаде во светот ја менува навиката дека skin care не вклучува само мицеларна вода и креми за лице. Корејските производи потекнуваат од култура каде што негата на кожата е исклучително важна и каде што жените секогаш копнеат по совршена кожа. Тајната на магијата на корејската козметика се состои во таканаречената k-beauty рутина која содржи од 10 чекори.

1.Масло за чистење на лице

-Нежно ја чисти кожата и ефикасно ја отстранува шминката, остатоците од SPF и себумот.

2.Пена или гел за чистење

-Ги отстранува од лицето нечистотиите и маснотиите од претходниот чекор.

3.Пилинг за лице (два до три пати неделно)

-Ги отстранува мртвите клетки и ги чисти порите на лицето.

4.Тонер за лице

-Тониците за лице генерално имаат водена или гел текстура. Тие продираат длабоко во кожата, ја подобруваат нејзината pH-вредност и на тој начин ја подготвуваат за следните чекори на корејската нега.

5.Есенција

-Есенциите имаат водена и лесна гел текстура, која е полесна од серумот. Примарно се користат за хидратација и подготовка на кожата за да се подобри апсорпцијата на серумот или ампулата.

6.Серум или ампула за лице

-Серумите имаат погуста текстура од есенциите, а полесна од кремите. Имаат поконцентрирана формулација со активни состојки, како витамин Ц, ниацинамид, ретинол кои помагаат за решавање на специфични проблеми како акни, пигментација, бори, опуштена кожа итн.

7.Sheet маска (два до три пати неделно)

-Овозможува длабинска хидратација и хранење на кожата.

8.Крем за пределот околу очите

-Нежно го храни и негува чувствителниот предел околу очите.

9.Крема

-Ја „заклучува“ претходната нега во кожата (влажноста и останатите активни состојки) и дополнително ја хидрира кожата.

10.SPF (наутро)

-Го штити лицето од UV зрачење и го спречува стареењето на кожата.

Корејската козметика често доаѓа во многу симпатично пакување и обезбедува висококвалитетни производи по прифатлива цена.

ЖМ: За каков тип на кожа може да се користат, и за која возраст се наменети?

-Корејската козметика е позната по својот природен и органски пристап кон негата на кожата. Со оглед на тоа што основната филозофија на корејската козметика е ПРЕВЕНЦИЈА, се препорачува да се започне со нејзино користење уште од периодот на пубертет и тинејџерски години. Во последните години корејската козметика се насочува и кон производи кои го забавуваат процесот на стареење на кожата. Повеќето корејски производи за нега на кожа се многу благи и нежно формулирани и затоа се погодни за луѓе со најчувствителни типови кожа. Во својата програма K-Beauty има производи за сите типови на кожа, така што секој може да ја најде својата идеална комбинација за сјајна и блескава кожа. Во нашата K-Beauty продавница нудиме бесплатна Face-Scan анализа, каде се одредува типот на кожа и нудиме персонализирани рутини во согласност со потребите и буџетот на секој потрошувач.

ЖМ: Дали корејските производи се наменети само за жени, или има по нешто и за посилниот пол?

-Се разбира дека корејските производи можат да ги користат и мажи кои во последно време сè повеќе покажуваат грижа и нега за својата кожа.

ЖМ: Каде може да се најдат производите?

-Производите од K-Beauty може да се најдат во нашата специјализирана продавница за корејска козметика која се наоѓа на Булевар Партизански Одреди бр. 59, а истите се достапни и на нашата веб страна www.zegin.com.mk, како и во аптеките на Зегин.

Добро познато е дека кога еднаш ќе се проба корејската козметика никогаш повеќе нема да се вратите на своите стари skin care навики.