Пристигна долгоочекуваната втора сезона од dm поткастот „Женски ритам“!

Добивај вести на Viber

Во првата епизода „Кога телото зборува, јас слушам“, гостите зборуваат  за физичкото здравје, односно како да ги препознаеме сигналите што ни ги дава нашето тело и што, всушност, значат тие сигнали.

 Ќе се осврнат и на промените што ги доживува женското тело низ годините, притисоците од општествените стандарди, како и за најголемите заблуди за физичката активност! 

Модераторката Живкица Каленикова дискутира на овие прашања, но и на многу други, со гостите Лејла Рамковска, инструкторка по јога и сопственичка на студио за јога „Клуб 8“, инфлуенсерка и мајка на две деца, и Даниел Трбогазов, тренер по фитнес, професор по физичко образование и главен уредник и основач на порталот „Мој тренер“. 

Преземи го првиот чекор за грижа кон себе и погледни ја целата епизода 


*ПР објава