Се омажи за нејзиниот херој: Љубовта се роди кога ѝ го спаси животот

Добивај вести на Viber

Тој ја држеше во рацете цела вечер и ја штитеше од куршуми од убиецот, а од тогаш нивните животи станаа неразделни и покрај фактот дека тие живееја во различни држави

Некои љубовни приказни се навистина како филмски - од трагедија до херојство и вљубување, и токму тоа им се случи на Шантал Мелансон и Остин Монфорт.

Шантал уживала со пријателите во локалниот бар кога и се приближил непознат маж. Тоа беше вториот ден на фестивалот Harvest во Лас Вегас. Таа беше зафатена со танцување со пријателите, па се смееше со човекот кој се претстави како Остин Монфорт и продолжи да ужива со девојчињата.

Таа не знаеше дека само по 24 часа токму тој странец ќе и го спаси животот за време на еден од најлошите масовни престрелки што се случиле во Америка. Во следните недели, тие си даваа еден на друг поддршка и утеха, и покрај тоа што Шантал живееше во Канада, а Остин живее во Калифорнија. Наскоро се заљубиле, а целата приказна ја крунисале со брак во ноември 2019 година, пишува Метро.

Тие планираа да се вратат во Лас Вегас за голема свадбена прослава овој мај со пријателите и семејството, но тоа беше одложено поради коронавирусот.

Шантал (29) и Остин (24) се запознале случајно - Шантал не требало да оди на фестивалот, но нејзината пријателка имала вишок билет и сепакотпатувала од Алберта, Канада, до Лас Вегас. Остин бил таму со неколку пријатели затоа што еден од нив решил, токму таму да го прослави својот 21 роденден.


Нивните патеки се испреплетиле во барот на Gilley's, познато кафуле со кантри музика. Остин и се додворувал и ѝ се смешкаше, таа била љубезна и малку резервирана. На крајот,  сепак почнале да разговараат и сфатиле дека меѓу нив има хемија.

Се чувствував како да се познаваме отсекогаш. Разменивме телефонски броеви и се договоривме да се сретнеме следната вечер - рече Шантал.

На вториот ден од фестивалот, сите уживаа на концерт близу бината заедно, кога околу 10 часот Стивен Падок започна да пука кон луѓе од неговиот стан на 32-от кат од хотелот „Мандалај Беј“, додека Шантал и Остин и 22.000 луѓе го гледаа Џејсон Олдејн на сцената.

- Најпрво мислевме дека е огномет бидејќи сите големи концерти обично имаат некаков огномет, но кога не застана, сите почнаа да се фрлаат на подот. Останавме на земја некое време, но пукањата не престанаа. Пријателите на Остин им рекоа на сите да бегаат кон побезбедно место затоа што пукањето беше континуирано. Сите трчаа во различни насоки, но Остин остана со мене и ние трчавме заедно. Трчавме низ целиот простор на концертот, застанувајќи неколку пати потклекнувајќи - рече подоцна Шантал.

Остин ја држеше цврсто и ја водеше, а во пукањето загинаа 58 луѓе, додека 869 луѓе беа ранети. Сторителот се застрелал во неговата хотелска соба, а подоцна бил пронајден од полицијата. За среќа, Шантал, Остин и нивните пријатели беа неповредени.


- Во тој момент сите бевме странци, но се обидувавме да си помогнеме едни на други и побрзавме во болницата. Останавме во болницата преку ноќ а Остин не се оддалечи од мене дури и тогаш, тој ме држеше цела ноќ и ме тешеше - се сеќава Шантал.

Попладнето по пукањето, Остин полета дома во Калифорнија, но Шантал дома замина дури следниот ден. Кога двајцата беа дома, тие продолжија да зборуваат секој ден и наскоро се заљубија.

 -Тој беше единствената личност со која сакав да разговарам за тоа, се чувствував безбедно и добро со него. Шест недели подоцна, тој дојде да ме посети во Канада и целосно ме воодушеви - се сеќава таа.

Парот никогаш повеќе не се раздели. Остин и предложи брак на 8 март 2019 година, по 18 месеци поминати заедно.


-Тој ме донесе на нашата омилена плажа и бевме сами. Беше совршено, срцето ми чукаше додека ме гушна и кога се спушти на едното колено. После тоа, имавме прекрасен пикник, а Остин носеше каубојски чизми на плажа, како потсетник дека го задевав за нив првата вечер кога сезапознавме. Тој го извади прстенот од чизмите - рече Шантал.


Извор: 24sata.hr

(ФОТО) Сека Алексиќ искрено проговори за разделбата и крајот на љубовта