Подобар од кој било сладолед, готов за 25 минути: Рецептот за најубавиот чизкејк совршен за жешките летни денови

Добивај вести на Viber

Оваа торта е одлична и ако сакате да се засладите и ако сакате да се разладите...

Доколку имате неочекувани гости или сакате да го почастите вашето семејство со совршен десерт кој е брз и лесен за подготовка за време на викендот, тогаш оваа овошна торта е идеален избор за вас.

Чизкејкот е еден од најубавите и најпопуларните колачи, особено во текот на летото, а доколку сакате испробан рецепт, кој сигурно и без сомнение ќе биде успешен за сите, тогаш направете го според следните упатства.

Потребно е:

*За кората:

-450 г. мелена плазма

-150 г. шеќер во прав

-150 г. путер

-200 мл. сок од портокал (газиран)

**За белиот фил:

-2 чаши павлака (по 180 мл секоја)

-300 г. шлаг крем - бел

-150 мл. ладна кисела вода

***За филот од овошје:

-500 г. мешано црвено овошје (или кое било друго по ваш избор)

-200 г. шеќер

-3 кесички (по 10 г. желатин секоја)

Подготовка:

Измешајте ја мелената плазма со шеќерот во прав и омекнатиот путер, потоа додадете го сокот и измешајте. Проверете дали сè е добро соединето, а потоа истурете го во тркалезна тава со прстен и направете добра основа. Добро тапкајте со прстите за да се соедини.

Додека го правите ова, ставете го овошјето и шеќерот во тенџере да се варат околу 15 минути. Потоа додадете го желатинот што претходно сте го измешале во малку вода. Измешајте и оставете да се олади.

Белиот дел е готов за неколку минути. Изматете го шлагот со кисела вода за да стане доста густ. Потоа додадете ја павлаката и лесно матете со жица за матење, а не со миксер. Потоа прелијте го врз кората од плазма и измазнете го.

Ставете во фрижидер 10 минути додека филот од овошје не се олади речиси целосно. Потоа прелијте го речиси ладното овошје врз белиот дел. Вратете сè во фрижидер и оставете го добро да се стегне.

Сервирајте го ладно од фрижидер и ќе видите како сите ќе уживаат во него отколку ако им го сервирате најскапиот италијански сладолед.