ДУБАИ ПАЛАЧИНКИ: По чоколадото и чизкејкот, нов десерт ги освои социјалните мрежи

Добивај вести на Viber

Совршена комбинација од кадаиф и ф'стаци.

Потребни состојки:

За палачинките:

*2 јајца

*1 пакување ванилин шеќер

*400 мл млеко

*400 мл минерална вода

*15 лажици обично брашно

*кора од еден лимон

За филот:

*100 грама кадаиф (количината зависи од бројот на палачинки)

*2 лажици путер

*160 грама намаз од фстаци

*200 г чоколадо по вкус

Подготовка:

Во сад измешајте ги јајцата, ванилиниот шеќер, млекото, минералната вода, брашното и кората од лимон. Добро измешајте. Истурете по една лажица од смесата во тавата и гответе од секоја страна додека не поруменат. Растопете го чоколадото и додадете го намазот од фстаци. Ситно исечкајте го кадаифот и запржете го на путер. Потоа измешајте го со смесата од фстаци и чоколадо. Наполнете ги палачинките со подготвениот фил.