„Внимавајте да не бидете измамени за сместување во Грција“: Се воведуваат нови туристички такси кои ги зголемуваат трошоците

Добивај вести на Viber

Туристите кои летово ќе одлучат да одморат во Грција ќе треба да сметаат на дополнителен трошок – новата климатска такса што стапи на сила од оваа година.

Според одлуката на грчките власти, таксата се наплаќа по ноќевање и зависи од видот и категоризацијата на сместувањето. 

Freepik

Во зимскиот период, оваа такса изнесува 2 евра на ден, но од април до октомври таа се зголемува и достигнува до 8 евра дневно.

Конкретно, за хотели со една или две ѕвезди, како и за приватни соби за изнајмување, туристите ќе плаќаат по 2 евра на ден. 

Freepik

Во хотели со три ѕвезди се наплатуваат 4 евра, додека за оние со четири ѕвезди, таксата е дури 10 евра дневно. Најскапо ќе биде во хотелите и вилите со пет ѕвезди, каде се наплатуваат 15 евра дневно.

Freepik

За оние кои користат сместување преку Airbnb, таксата е 2 евра во зимскиот период и 8 евра во лето.

Најскапо ќе биде на популарните острови Санторини и Миконос, каде што дневната такса изнесува дури 20 евра.

Freepik

Оваа мерка е дел од стратегијата за заштита на животната средина и управување со туристичките ресурси, но за многумина претставува дополнителен удар по џебот, особено за семејствата и подолгите престои.

Извор: eupravozato.mondo.rs