Интернетот полудува за него – македонскиот виртуоз што свири од срце: Овие познати хитови никогаш не звучеле подобро (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Додека Хрватска се гордее со светски познатиот виолончелист Стјепан Хаусер, Македонија има своја музичка ѕвезда – виолинистот Петар Маркоски. Со неверојатни кавери и харизматични настапи, Маркоски стана најследениот музичар во Македонија со над два милиони следачи на Инстаграм, каде редовно ги воодушевува.

Петар е познат по своите оригинални и емоционални преработки на глобални хитови, но не заостанува ниту кога станува збор за балканската музика.

View this post on Instagram

A post shared by Petar Markoski (@petarmarkoski)

Со секое ново видео, Маркоски покажува дека класичниот инструмент како виолината може да добие модерна и свежа димензија. Неговата техника, чувство и уникатен стил го издвојуваат од останатите уметници во регионот.

Во време кога социјалните мрежи се силна платформа за уметнички израз, Петар Маркоски успева да ја спои класичната музика со современиот тренд – нешто што само врвните музичари тоа го можат.

Како што Хаусер ја претставува Хрватска на светската сцена, така и Маркоски станува препознатливо лице на македонската музика во дигиталниот свет.

View this post on Instagram

A post shared by Petar Markoski (@petarmarkoski)

View this post on Instagram

A post shared by Enzo Buonaurio Sax (@enzobuonaurio_sax)

Фото: Инстаграм
РЖМ -Г.Д.Г

Најследениот Македонец на Балканот- повеќе и од најголемите ѕвезди: Интервју со Петар Маркоски, охриѓанецот кој го маѓепса светот со својата виолина

Музичарот од Охрид кој со својата виолина ги освои срцата на 2 милиони следбеници на Инстаграм, доби награда од YouTube: „Ми се исплатеше 10 годишната работа“