Рецепт за летна крем салата: Се подготвува за 10 минути, хранлива и освежителна, посебно ќе им се допадне на љубителите на сусам

Добивај вести на Viber

Во летните денови, кога сите бараме брзи и вкусни оброци без многу готвење, крем салатите се вистински спас. 

Ви претставуваме едноставен и кремаст рецепт што ќе ги освои сите љубители на ладни мезе-салати – совршен за семејни ручеци, слави или како додаток на скара.

Freepik

Рецепт за крем салата со шунка и кашкавал

Состојки:

  • 200 г шунка (сечкана на коцки или ленти)
  • 200 г кашкавал (изрендан или ситно сечкан)
  • 3–4 кисели краставички (ситно сечкани)
  • 2 лажици печени сусам
  • 3 полни лажици павлака
  • 3 полни лажици мајонез

Подготовка:

Во голем сад измешајте ја павлаката и мајонезот додека не се добие мазна смеса. Потоа додадете ги шунката, кашкавалот и киселите краставички. Промешајте добро, па додадете го претходно печениот сусам кој ќе ѝ даде пријатна крцкавост и специфичен вкус. Оставете ја салатата да отстои најмалку 30 минути во фрижидер пред сервирање.

Може да се послужи во чинија или да се нанесе врз парчиња тост или солени крекери. По желба, украсете со магдонос или свеж босилек.