„Нема потреба од клима ноќе и има добар интернет“: Дигиталните номади со високи препораки за Охрид како најдобра туристичка дестинација за комбинирање одмор и работа

Во време кога се сѐ повеќе работи од далечина, оние што можат да си го дозволат, летото го минуваат крај море или езеро, комбинирајќи работа и одмор.
Корисници на форумот Reddit посочуваат неколку атрактивни дестинации за дигитални номади, меѓу кои посебно место добива Охрид.
Иако Македонија не е на врвот на листата на типични туристички земји, токму тоа ја прави привлечна за оние што бараат мирен, достапен и инспиративен летен престој.
Цените се значително пониски во споредба со Шпанија, Франција или Италија, а локацијата нуди сè: бањење во чистото Охридско Езеро, прошетки низ Стариот град и богат културен живот.
Работењето од Охрид е лесно изводливо благодарение на солидната интернет мрежа, а во градот постојат и адаптирани простори за coworking.
Корисници на Reddit истакнуваат дека летата се пријатни, нема потреба од клима ноќе, храната е евтина, а атмосферата живописна и опуштена.
Јули и август се идеални месеци за престој, кога се одржуваат музички фестивали и манифестации, а градот пулсира со уметност, традиција и младешка енергија. За дигиталните номади – Охрид е скриено летно богатство.
Извор: Eupravozato.mondo / Извор: Unsplash.com