Мартин Вучиќ веќе не е директор, но со оваа објава откри дека новата промена очигледно му годи

Добивај вести на Viber

По подолг период на медиумска тишина, поп-пејачот и некогашен директор на ансамблот „Танец“, Мартин Вучиќ, се огласи на својот Фејсбук-профил. 

Познатиот музичар со години живееше повлечен живот далеку од очите на јавноста, особено по низа животни пресврти кои го одбележаа последната декада.

ЖМ Архива 

Мартин во меѓувреме се ожени и заснова семејство, но го претрпе и еден од најтешките удари – загубата на својот татко, познатиот водител и пејач Драган Вучиќ. 

Таа болка го оддалечи од јавната сцена, а неговата работа како директор на „Танец“ дополнително го насочи кон културна, а не медиумска активност.

Фејсбук 

Сепак, најновата објава открива дека Вучиќ повторно ужива во животот. На фотографијата изгледа младолико, негувано и самоуверено – стил што отсекогаш го одликувал. 

Позадината не открива македонски пејзаж, што упатува на тоа дека Мартин живее надвор од земјата – и, очигледно, новата средина му годи.

Фејсбук

Фановите го поздравија неговото враќање на мрежите, надевајќи се дека ова е најава за нови музички или јавни активности од еден од најхаризматичните артисти на македонската сцена.