Шпаркасе Банка и „Светот на Биби“ со заедничка мисија – финансиска едукација за најмладите

Добивај вести на Viber

Шпаркасе Банка АД Скопје, како дел од групацијата Штаермеркише Шпаркасе со 200 години традиција, продолжува да ја гради својата мисија за финансиска едукација и поддршка на заедницата. Во таа насока Банката започнува нова соработка со „Светот на Биби“, преку проектот „Медената авантура на Биби и Боби“, кој има цел на најмладите да им ја доближи темата за штедењето на забавен и едукативен начин.

Во рамките на овој проект е изработена детска едукативна сказна и сликовница, каде преку авантурите на четирите ликови – Медо Штедо, Медена, Биби и Боби – децата ќе учат за важноста на штедењето како навика која гради генерации што ќе бидат финансиски стабилни и едуцирани за да донесат правилни финансиски одлуки во иднина.

Шпаркасе Банка активно инвестира во финансиска едукација преку организирање предавања и работилници низ целата држава. Само во месецот на штедење – октомври оваа година, банката заедно со својот тим експерти и интерни екдукатори, ќе едуцира повеќе од 4.000 деца на предшколска и рана школска возраст, помагајќи им да изградат здрави навики за одговорно управување со парите.

„Како банка со двовековна традиција во штедењето, нашата мисија е да ја пренесеме вредноста на финансиската едукација и сигурноста што ја нуди штедењето на сите генерации – од најмладите до возрасните клиенти. Веруваме дека грижата за иднината започнува денес, и затоа вложуваме во проекти како „Медената авантура на Биби и Боби“, кои преку игра и едукација им помагаат на децата да ја сфатат важноста на штедењето.“, изјави Ивана Петревска, директор на Дирекцијата за маркетинг и комуникации на Шпаркасе Банка.

„Светот на Биби“ е домашен бренд кој преку приказни и ликови веќе освојува интернационални пазари, инспирирајќи деца ширум светот да учат и растат преку игра.

„Нашата мисија со „Светот на Биби“ отсекогаш била преку забава и приказна да им помогнеме на децата да учат важни животни вредности. Со „Медената авантура на Биби и Боби“, ќе им ја доближиме темата на штедењето на начин кој е близок и разбирлив за нив. Драго ни е што Шпаркасе Банка, како банка со традиција и сигурност, ја препозна важноста на оваа мисија и заедно ја носиме оваа авантура до најмладите.“, изјави Стојче Коко Ѓорѓиев, ко-креатор на „Светот на Биби“.

Со оваа соработка, Шпаркасе Банка уште еднаш ја потврдува својата улога како сигурен и општествено одговорен партнер кој инвестира во иднината на заедницата. Дополнително, со секој отворен детски депозит за штедење во месеците октомври, ноември и декември, децата ќе ја добијат на подарок едукативната сказна „Медената авантура на Биби и Боби“, која ќе им помогне на забавен начин да ги научат вредностите на штедењето.

ПР објава