Што се случува со телото во менопауза? - Совети од гинекологот Др. Ивана Наков

Добивај вести на Viber

Некои женски теми се тивко присутни… но тоа не значи дека не се важни. Напротив, токму тие се темите кои најмногу тежат. Менструални проблеми, ПМС, менопауза, секојдневниот баланс помеѓу телото, умот и обврските…Секоја жена, во периодот од средината на 40-тите до средината на 50-тите години, минува низ четири фази на менопауза – и секоја носи свои предизвици. За некои жени, тие минуваат тивко и речиси незабележливо, за други – со бран од симптоми, благи или интензивни, физички или емоционални.

Време е да ги извадиме од сенката овие теми и да ги осветлиме. Слушнете ги советите од гинекологот Спец. д-р Ивана Наков за тоа што навистина значат хормоналните промени, како влијаат на вашето тело и како најдобро можете да се грижите за себе низ секоја фаза од оваа важна трансформација.  

View this post on Instagram

A post shared by Ivana Serafimova (@ivana_nakov)

Едно е сигурно – менопаузата не е табу, туку тема за која мора да зборуваме гласно, отворено и без срам. Ова е природна, неизбежна и важна фаза во животот на секоја жена и заслужува внимание, грижа и разбирање. Секој симптом е значаен и не треба да се занемари- телото ви зборува, а вие заслужувате да бидете слушнати. Запомнете: жените се неверојатно силни, нема предизвик со кој што не можат да се справат кога имаат вистински информации, поддршка и простор за искрен разговор. Менопаузата не значи крај, таа почеток на нова рамнотежа, нова енергија и длабока трансформација. Таа е можност да ја прегрнете својата женственост на поинаков, посилен и поавтентичен начин. Бидете нежни со себе, славете ја секоја ваша женствена фаза гордо и без страв. 

ПР објава