Стил на денот: Од капутот до модните додатоци - го сакаме секој дел од пастелното vintage издание на Ријана

Навикнати сме R&B дивата секогаш да ги носи најновите трендови од модната писта.
Сепак, таа во својата последна модна ревија докажа дека навистина ја знае вредноста на добро vintage парче.
Целиот изглед е надополнет со бела чанта и потпетици, кои иако се во втор план, не се помалку ефикасни.
Ријана не е единствената sвезда што промовира vintage парчиња на овој начин. Неодамна, Кајли Џенер носеше Версаче топ од 2005 година, а Дуа Липа роденденски фустан што Наоми Кембел го носеше за Версаче во 1999 година.
Тие се пример за тоа колку е циклична модата и колку може да изгледа модерен и современ тренд, дури и ако настанал пред неколку децении. Исто така, на овој начин се промовира одржливоста и рециклирање на стара облека што очајно му треба на модниот свет.
извор:elle.rs
фото:gettyImages