Стојне Николова подготвена за новите правила на Канскиот фестивал: Се покри до грло, ама остана доследна во едно нешто

Фолк пејачката Стојне Николова се истакнува по својата убавина и витка линија која ја истакнува преку својот избор на модни комбинации.
Покрај гласот и извдбата на македонски традиционални песни, македонската публика е восхитена од нејзиниот изглед и сценските настапи за кои судејќи по изгледот, Николова одвојува многу време. Покрај тоа што е посветена на музиката, Стојне ревносно работи и на градење на својот моден печат.
За еден од јавните настапи избра комбинација која ги открива нејзините нозе, додека торзото е покриено со долго сако и интересна кошула. Во исто време делува како да е закопчана „до грло“, но и дека ги открива нозете, што судејќи по оваа модна комбинација се главниот адут кој Стојне сака да го истакне.
Николова темелно се грижи за својот изглед, па може да се заклучи дека навистина ги испочитувала овогодинешните препораки на „Канскиот фестивал“ кој забрани голотија и вулгарно облекување и со тоа постави нови текови во модната индустрија.
Како некој што се придржува до новите модни правила, судејќи по нејзиниот избор на модна комбинација за важен настап може да се заклучи дека Стојне е дисциплинирана во следењето на најновите модни норми и препораки.
Извор фото: Фејсбук