Топол викенд, од вторник ладен бран: „Можни се и мајски утрински мразеви“

Извор: ФАКТОР
Викендов ќе имаме вистинско лето, со температури до 30 степени. Македонија ќе биде под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ.
-Во ваква ситуација, времето кај нас ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од променлив правец. И во Скопје и околината викендов ќе имаме сосема слично време како и на другите места од нашата Македонија. Температурите ќе бидат рано – летни и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Во Скопје и околината максималната температура викендов ќе се искачи до околу 30 степени, прогнозира Славчо Попоски.
Но, според неговата најава од вторник повторно не очекува заладување поради продор на нов ладен бран од север.
-Ладен бран е се поизвесен од 6.мај па натаму на Балканот кој ќе продре од север и од североисток. Ќе има врнежи, грмежи, голем пад на температурите, снег на планините, а потоа е можна дури и појава на мајски утрински мразеви.
Фото: Freepik.com