„Тој е мојот свет“ – Ведрана Ѓорѓевиќ му го честита роденденот на саканиот со порака која топи срца

Добивај вести на Viber

Македонската водителка и дигитална креаторка Ведрана Ѓорѓевиќ уште еднаш покажа дека љубовта е нејзиниот јазик. По повод роденденот на нејзиниот партнер, диџејот Ендрју Мелер, таа сподели низа фотографии од нивните заеднички патувања, проследени со емотивна порака која го стопли Инстаграм.

„Среќен роденден на мојот најдобар пријател, моето сигурно место, мојот свет… Ти си покрај мене низ сè – гласните смееви, тивките ноќи, сништата што ги градевме од нула. Да те сакам е најлесната работа што сум ја направила. Ти благодарам што си мојот мир, мојот хаос, мојот дом“, напиша Ведрана, додавајќи дека не би го замислувала животот со никој друг освен него.

Пораката ја надополни со зборови за уште многу години љубов, смеа и незаборавни спомени, а нејзините следбеници беа воодушевени од хемија и поврзаноста меѓу овој прекрасен пар.


Љубовната приказна на Ведрана и Ендрју не се мери во лајкови и следбеници – туку во моменти, спомени и длабоко разбирање. Тие двајца се доказ дека кога љубовта е вистинска, се чувствува – и без зборови.


Фото: Инстаграм официјален профил Ведрана Ѓорѓевиќ