МЕТЕОРОЛОГОТ СПИРИДОНОВ ПРЕДУПРЕДУВА: Има многу висок ризик за невреме во Македонија

Добивај вести на Viber

Како резултат на прилив на поладен воздух кој како клин ќе се пробие во делови од североисточна Италија, Словенија и Истра, ќе се формира висински циклон со центар над среден Јадран. Во текот на денот овој циклон ќе се поместува кон јужниот Јадран и Јонско Море. Во состав на оваа циклонска циркулација, од Јонско Море и Јадранот кон нашите предели ќе се разменуваат влажни и нестабилни бранови со развој на конвективна облачност и локални обилни врнежи, објави метеорологот Владо Спиридонов.

„Не се исклучува појавата на град и силен олуен ветер во зоните каде ќе има развој на нестабилноста.

NOTHAS -Алерти 4 август 2025 Според NOTHAS, во основа е прикажано НИВО-3 – зголемен ризик, а локално и НИВО-4 – многу висок ризик, каде се можни временски непогоди.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Очекувајте локални поројни врнежи, грмежи и силни електрични празнења.

Можно е појава на град и засилен ветер.

Ве молиме да внимавате и да ги следите најновите информации.

Напомена: Објавата има научно информативен карактер!“, објави тој.


Извор: ФАКТОР