Се огласи Александра која била со Марија кобната вечер кога се обиделе да ја убијат: Ја обвинија дека ја оставила гола и ја зела нејзината облека

Почетокот на годината беше обележан со шокантната исповед на 20-годишната Марија Ковалчук, која беше пронајдена со скршен рбет покрај пат во Дубаи.
Таа јавно ги обвини Артјом Папазов, син на познат руски бизнисмен, и неговото друштво, меѓу кои и 19-годишната Александра Сања Мерцалова.
По неколку месеци молк, Александра одлучи да проговори преку својот YouTube канал, негирајќи ги тешките обвинувања и споделувајќи детали кои досега не беа познати во јавноста – вклучително и зошто таа вечер носела фустан што ѝ припаѓал на Марија.
„Ова се целосни глупости,“ вели Александра на почетокот од видеото, очигледно погодена од ситуацијата. Таа објаснува дека вечерта се случила на 9 или 10 март, кога со пријателите биле на караоке, а потоа се преселиле во хотелот „Фајв“ – познат по луксузните базени и забави.
Александра тврди дека никој од нив не ја познавал добро Марија, која само им рекла дека работи како модел. Хотелската соба била резервирана на нејзино име и на нејзини документи. Според неа, атмосферата била релаксирана, без претерување со алкохол, а таа самата ниту пие ниту пуши.
„Тоа беше обична вечер. Марија не е личност каква што се претставува,“ додава Александра, негирајќи дека нејзиното друштво имало каква било врска со повредите на Марија.
Додека Ковалчук тврди дека токму тие ја довеле во опасност, Мерцалова инсистира дека не постои основа за такви обвиненија и дека не чувствува вина.
Оваа исповед ѝ дава нова димензија на приказната која го шокираше руското општество. Дали верзијата на Александра ќе влијае врз истрагата и ставот на јавноста – останува да се види.
Извор: Youtube/Осторожно: Собчак/Screenshot