Во српското Собрание се слуша „Дали некој има кафетин“: Стори на Кики Мукаетова кое ја насмеа македонската јавност

Добивај вести на Viber

Кики Мукаетова сподели забавно видео кое ја покажува препознатливоста на лекот „кафетин“ во целиот регион. 

Неодамна, на еден налог на X се појави општа благодарница на еден Србин кон целиот македонски народ, токму поради лекот „Кафетин“. 

Тој напиша „Благодарам Александар Македонски, благодарам на Билјана што платно белеше, благодарам на сите Македонци и се македонско за кафетинот“. 

Дека кафетинот е очигледно најделотворниот лек против главоболки, потврдува и тоа што го користат високи политички претставници и на српската сцена.

Така претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ на колегите им побара „кафетин“. 


Кики Мукаетова го сподели оваа видео на својата социјална мрежа Инстаграм, со што насмеа многумина, но воедно не направи и горди токму поради тоа што споменатиот лек потекнува од компанијата „Алкалод“ која се наоѓа во Македонија. 

Кафетинот важи за најделотворен лек против главоболка, забоболка, менструална болка, како и болка во мускулите и зглобовите.