Загуби или зголемени цени: Производителите во Македонија се пред сериозен предизвик

Кафето, какаото се дел од многуте берзански продукти, чија цена зависи од ценовните осцилации на берза. Суровини кои веќе цела година доживуваат шокантни скокови на берза и постојано расте нивната цена. На разочарување на производителите па и на крајните потрошувачи пасионирани љубители на кафето и какаото.
И додека дел од потрошувачите негодуваат на цените во маркети, експертите истакнуваат дека зголемувањето на цените на кафето, какаото не е резултат на желбата на производителите да профитираат на сметка на потрошувачите, туку повеќе е неизбежна последица на глобалните економски и климатски фактори.
Производителите се во многу незавидна ситуација!
Но, и покрај се производителите на кафе нагласуваат дека во оваа ситуација квалитетот на кафето останува нивен приоритет бидејќи сакаат да ја задржат довербата на потрошувачите и да им обезбедат кафе кое ги задоволува стандардите на кои се навикнати.
Но истовремено истакнуваат дека овој бизнис за нив станува непрофитабилен и дека работат со загуба.
Негативното работење посебно се стимулира со мерките на државата за ограничување на цени, со определување т.н. 10% бруто маржа на производителите. Со државната регулација од 10% бруто маржа, ние како производители сме доведени до банкрот. Нашите приходи се недоволни да ги покријат сите трошоци, приморани сме да земаме кредити, за да привремено опстоиме, но тоа на долг рок е невозможно, ако се инсистира на вакви мерки.
За да овој економски термин биде појасен, и за да се добие целосна слика контактиравме дел од производителите, кои не информираа дека со регулацијата и ограничувањето на 10% бруто маржа не се земаат во предвид сите реални трошоци, и дека ваквата мерка нема економска логика. Односно на производителите во работењето им се признание само трошоците за плати на вработените во производствен погон, додека непризнаени им се трошоците за вработените во дистрибуција, за возила на терен, трошоци за наградна игра, маркетинг, кредити, инвестиции, административна зграда и трошоци и итн. А сите овие трошоци влијаат вкупните трошоци од работењето да бидат многу поголеми, и тие да не се покриваат со т.н 10% бруто маржа.
Многу лесно може да се случи земјава да остане без домашни производители на кафе, или на други производи, кои зависат од меѓународните берзи.