Замрзнете го моментот со Olympus Mountain Tea, единствениот леден чај на домашниот пазар со 100 отсто природни состојки

Кога зборуваме за свеж и здрав пијалок, прва асоцијација е Olympus Mountain Tea, единствениот леден чај на домашниот пазар со 100 отсто природни состојки. Направен е од растението сидеритис и не содржи шеќер, адитиви и кофеин, што го прави совршен избор за сите луѓе кои, и покрај брзиот и динамичен живот сакаат да прават свесни и добри избори за себе и за сопственото тело. Со природни состојки во својот состав, Olympus Mountain Tea е вистинскиот избор за појадок, за освежување на работното место, дома или при прошетка со пријателите.
Со својот суптилен и префинет мирис, Olympus Mountain Tea ве носи во мирниот грчки универзум каде што природата, свежиот воздух и билките се во центарот на животот. Овој чај не само што ја гаси жедта,туку ги буди сетилата и ви носи чувство на виталност, фокусираност и задоволство. Тој е природен израз на свежина, едноставност и баланс.
Olympus Mountain Tea помага да се одржи природната хидратација и телесната рамнотежа, без непотребни засладувачи или стимуланси. Тоа е пијалок што одговара на ритамот на модерниот живот, но со душа од природата и претставува одлична алтернатива на газираните сокови.
Покрај со Olympus Mountain Tea, брендот Olympus ве освежува и со нов, интересен инстаграм-предизвик и ве повикува да го замрзнете моментот со нивните ладни чаеви. Предизвикот трае до 14 јули, а пет учесници со најкреативни видеа ќе бидат наградени со една од следниве награди: апарат за под вода, три PolarBox фрижидери и ранец за планинарење.
Задачата е едноставна. Сè што треба да направите е да снимите кратко видео (story) од неколку секунди во кое ќе го замрзнете моментот со помош на еден од ледените чаеви на Olympus. Додека некој ужива во пијалокот, оној што снима треба да каже: „Замрзни се!“ и во тој момент, личноста треба да остане во позата, како статуа.
Следете ги профилите на Olympus на социјалните мрежи и бидете во тек со новите, здрави производи, како и со предизвиците кои носат радост и незаборавни моменти.