„Значи, како ти успева жено? “: Излезе третата епизода од втората сезона на dm поткастот „Женски ритам“

Добивај вести на Viber

Како да се биде успешна жена во сите аспекти од вашиот живот : кариера, семејство, пријатели, грижа за себе...? Едно од честите прашања кое го слушаме секојдневно е „Како ти успева жено?“. Темите за баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот, менталното здравје но, најважно сликата за себе и важноста на улогата и очекувањата од жената во секојдневниот живот се доста актуелни последниве неколку години.

View this post on Instagram

A post shared by dm_makedonija (@dm_makedonija)

Слушнете ја третата епизода од втората сезона на dm поткастот „Женски ритам“ во која гостуваат поранешната Мис на Македонија, а денес менаџерка Ана Биновска и адвокатката Сузана Јошевска Атанасовска.

Овие две деловни жени ги споделуваат тајните за тоа како да бидете успешни и задоволни, и како им успева на некои жени да жонглираат со големиот број обврски што им се наметнати. Ги раскажуваат предизвиците со коишто се соочуваат за да одржат баланс меѓу професионалниот и приватниот живот, родовите стереотипи со коишто секојдневно се сретнуваат, потрагата по перфекционизам и самоприфаќање, но и грижата за себе без чувство на вина и без да се подлегне на наметнати очекувања од околината.

Видео да има во текстот: Епизода 3 : Како ти успева, жено?


Токму таа индивидуалност е фокусот на кампањата #скрозјас која ја пренесува пораката за важноста на прифаќањето себеси, вклучувајќи ги сите свои особини, квалитети, но и несовршености. Во исчекување на следната епизода на dm поткастот „Женски ритам “, споделете, коментирајте на dm профилите на социјалните мрежи за да се вроди што поплодна дискусија за најважните женски теми!

ПР објава