Животна училница // Семеен Албум
15 работи кои ги сфаќате ако сте мајка

- Почнавте да говорите „ние“: „Јадевме“, „Ние сме болни“, „Ни падна забче“ (иако лично ги имате сите заби на место).
- За 7 минути направите многу работи отколку што останатите прават за цел ден.
- Кога децата одат в кревет, можете да правите што сакате. На пример, да ги исперете алиштата, да ги измиете садовите итн.
- Кога се сретнете со пријателите, често зборувате за своето бебе и како ви недостига.
- Петнаесетминуто туширање со затворени врати за вас е како ден во спа центар.
- Во состојба сте да правите неколку работи истовремено: да правите вечера, да го доите бебето, разговарате на телефон и да ја гледате својата омилена серија.
- Повеќе ве возбудува размислувањето за спиење отколку за водење љубов.
- Можете да слушнете како вашето дете кивнало, дури и ако е пола ноќ, вратите се затворени, а вашиот маж е покрај вас.
- Детските работи ве интересираат повеќе од облека за возрасни.
- Би биле подготвени да се менувате со детето веднаш штом забележите дека добило висока температура.
- Одеднаш забележувате голем број на сообраќајни опасности: дупка, опасно соседно куче, исечени дрвја...Беа ли овде претходно?
- Сфаќате дека можете да гледате ТВ само кога вашите деца се во кревет подолго од 30 минути.
- Одмор е кога одите во продавнца сами, без деца.
- Му честитате на детето кое отишло во тоалет како да освоило трофеј.
- Секоја играчка која ја видите ја проценувате по критериум-колку минути може да го занимава вашето бебе.